190
Хесе уште во првото коло ќе се соочи со човекот кој му ја уништи кариерата во Реал Мадрид, дефанзивецот на Арсенал, Сеад Колашинац.
Хесе во Реал Мадрид почна како многу талентирано момче на кое му се предвидуваше блескава фудбалска кариера.
Но работите се променија во 2014 минута кога ги скина лигаментите. На дуел помеѓу Шалке и Реал Мадрид, Колашинац стартуваше грубо врз Хесе и го исфрли со месеци надвор од терените.
По таа повреда Хесе никогаш не беше истиот играч. Од Реал Мадрид премина во ПСЖ, каде најпрво беше испратен на позајмица во Лас Палмас, а сега во Стоук.
Судбината сакаше неговото деби во Англија да биде токму против Сеад Колашинац.