82
Ријека, овој пат без Стефан Ристовски беше многу блиску и до победа на гостувањето кај Олимпијакос, но со пораз се враќа во Хрватска.
Во 42. минута Ријека дојде во водство со гол на Хебер и со предност замина на полувремето.
Олимпијакос преку Офое во 66. успеа да го изедначи резултатот, а проблемите за Ријека се зголемија во 83. минута кога Жута доби втор жолт картон.
Предноста од играч повеќе Олимпијакос ја искористи во 93. минута кога со голот на Ромао дојде до победа.
Најубедлив триумф вечерва обезбеди Селтик кој со 5-0 ја совлада екипата на Астана, Наполи со 2-0 го доби дербито со Ница, Севиља со 2-1 славеше кај Башакшехир, а идентичен триумф но на свој терен забележа и Хапоел Бер Шева против Марибор.