80
Леонардо Бонучи кој ги пропушти натпреварите против Крајова, своето официјално деби за Милан ќе го има на утрешниот меч против Шкендија.
Монтела нема да може да смета на Биља и Ромањоли поради повреди, Нианг и Палета се пред трансфер, а во составот ќе ги нема и Соса, Калабрија и Гомез.
Составот на Милан за дуелите со Шкендија: А. Донарума, Џ. Донарума, Сторари, Абате, Антонели, Бонучи, Конти, Габиа, Мусакио, Родригез, Запата, Бонавентура, Калханоглу, Кеси, Локатели, Монтоливо, Борини, Кутроне, Андре Силва, Сусо.