ПСЖ „мачка очи“ и почна со чистка: Хесе во Стоук, Матуиди во Јувентус

by
1 минути читање

Барселона е на
ставот дека ниту еден клуб не може да си ја дозволи откупната клаузула на
Нејмар од 222 милиони евра без притоа да ги прекрши правилата за финансиски фер
плеј на УЕФА, па затоа веќе испрати жалба до европската куќа на фудбалот.

Но ПСЖ покрај
рекордниот трансфер на Нејмар, работи и на нова мега зделка за ангажман на
Килијан Мбапе, кој би можел да ги чини „Светците“ и до 400 милиони евра.

Па ова ги вклучи
алармите кај сите гиганти ширум Европа, кои сега кројат планови како да го
ограничат ова лудило на ПСЖ.

Клубот од Паркот
на Принцовите е свесен дека не може против сите, па за да „замачка очи“ реши да
направи чистка и да се ослободи од неколку играчи со чија продажба малку
ќе ја наполни клупската каса.

Прв го напушти клубот Хесе Родригез, кој е испратен на позајмица во Стоук. Втор
си замина Блес Матуиди.

Французинот се сели во Јувентус за 20 милиони евра, и тој веќе пристигна во
Торино на лекарски прегледи.

Се очекува до
крајот на преодниот рок од Париз да заминат уште неколку играчи како Серж Орие,
Атем Бен Арфа и Гжегорж Криховијак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани