Реал Мадрид
ја пречекува Барселона во реваншот од Суперкупот на Шпанија, средбата
започнува вечерва во 23 часот и ќе заврши утре наутро нешто пред 1 часот.
Ова е прилично доцна за во Европа. особено за средба која се игра сред работна недела а не во викенд, па кај фудбалските љубители на стариот континент
владее незадоволство.
Големите клубови
често знаат да имаат невообичаени термини со цел да им излезат во пресрет на
големиот број фанови ширум светот и да одберат саатници кои ќе одговараат и за
пазарите во Америка но и оние на Далечниот Исток.
Но сега не се
работи за таков случај, Реал Мадрид и Барселона ќе играат толку доцна поради
натпреварите од Лигата на шампионите.
Фудбалските
федерации од различните земји имаат договор со УЕФА да се избегнуваат
натпреварите од домашните првенства со оние од европските натпреварувања.
Договорот истече на крајот на минатата сезона, но Фудбалската Федерација на Шпанија очекува во
блиска иднина истиот да биде продолжен, па ова го прават како знак на добра волја со цел да се поправи днос
со УЕФА бидејќи двете страни имаа одредени несогласувања изминатиов перид.
Но за некои
фанови и ваквото објаснување „не држи вода“ бидејќи во Англија се игра фудбал
кога има термини од Лигата на шампионите.
На пример,
Манчестер Сити и Стоук играа во 20:45 во ден кога имаше фудбал од
најелитното европско натпреварување, а средбата помеѓу Валенсија и Реал започна
во 18:45 за да не се поклопи со Лигата на шампионите.
Причина за ова е
тоа што договорот за ТВ права на „Островото“ е толку богат што на ФА и е
поисплатливо да добие казна од УЕФА и да плати неколку милиони отколку да не ги
испочитува термините на ТВ куќите кои плаќаат милијарди за прикажување на средбите од
Премиерлигата.