Ибраими: Шкендија ја обожаваат сите Албанци ширум светот

by
2 минути читање

За новото добро
издание во Лига Европа, Шкендија беше наградена со дуел со големиот Милан во
плеј-офот, па клубот од Тетово сега ужива големо внимание.

Пред утрешниот дуел на Сан Сиро, првиот стрелец на
тимот, Бесарт Ибраими имаше интервју со Кориере дела Сера.

„Да се игра
против голем тим како Милан секогаш е одлично”
– вели голгетерот.

„Кога беше
ждрепката, многумина од нас ги посакуваа „росонерите“ за противник, па ни се
оствари сонот. Среќни сме што ни се укажа шанса да играме против овој голем
противник”.

Запрашан што
значи да се биде преставник на Албанците во Македонија, тој вели: „За мене тоа
е големо задоволство и чест. Ја оставам политиката на другите бидејќи ние сме
фудбалиер, но јас можам да кажам дека се чуствувам како Албанец и сум горд на
тоа. Од друга страна, многу мои сонародници се „миланисти“ па тоа му дава
дополнителен шмек на овој дуел”.

Блерим Џемаили
изрази поддршка за Шкендија, а според Кориере дела Сера, клубот од Тетово ќе ја
има и поддршката на Дарко Панчев.

„Шкендија е
симбол на сите албански територии, и сите Албанци ширум светот не обожаваат. Очигледно
задоволство ни е што голем играч и легенда на Македонија како Дарко Панчев ќе
не бодри”.

На прашањето од
кој противнички играч најмногу стравува, Бесарт Ибраими вели: „Не се плашам од
никого, но имам голема почит кон сите, бидејќи сите тие се големи играчи”.

„Не знам какви ни
се шансите за прогрес во групната фаза, можам само да кажам дека ќе го дадеме
максимумот. Свесни сме за квалитетот на нашиот противник”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани