Логиката на Венгер, зошто е подобро да го загуби за без пари Алексис Санчез наместо да го продаде за 50 милиони

by
3 минути читање

Чилеанецот има
само уште 12 месеци од договорт со „Топчиите“ и одбива да ја продолжи верноста. Алексис Санчез
сака да замине од Лондон ова лето, се верува дека преферира да заврши кај Пеп
Гвардиола во Манчестер Сити, но во исто време преговара и со ПСЖ.

Сепак, Арсен Венгер
нема намера да го продаде играчот и покрај тоа што сега може да добие 50
милиони фунти, а следното лето да го загуби без да добие ниту една фунта.

„Во моментов не,
на тој фронт нема никаков прогрес
– одговори Арсен Венгер на прашањето дали Алексис Санчез ќе стави
потпис на нов договор.

Запрашан дали е
подготвен да му дозволи на играчот да замине за без пари по 12 месеци,
менаџерот на Арсенал вели: „Тоа е последица на нашиот став, и за жал да, тоа е
можно
. Но мораме да
направиме избор помеѓу ефикасност на теренот и финансискиот интерес. И веруваме
дека во овој случај, приоритет му даваме на спортскиот аспект
. Сепак, исто така
треба да признаеме дека ситуацијата не е идеална од финансиска гледна точка,
правиме големо жртвување
.

„Но постои можност
тој да се премисли и да стави потпис на нов договор
.

И иако можеби на
прв поглед изгледа чудно, но Арсен Венгер и Арсенал нема да прават толку големо
финансиско жртвување и нивната одлука има одредена логика.

Алексис Санчез е
најдобриот играч на „Топчиите“ и со него во тимот, тие имаат многу поголеми
шанси да се борат за титилата или пак местата кои носат во Лигата на
шампионите. Разликата од
настап во Лигата на шампионите и Лига Европа изнесува десетици милиони евра
само во награди од УЕФА, плус уште неколку милиони во билети а уште многу повеќе од спонзорски договори.

Арсен
Венгер на овој луд трансфер пазар исто така не може да пронајде идеална замена за Алексис
Санчез и да ги потроши сите 50 милиони фунти кои ќе ги добие од неговата
евентуална продажба. Лестер бара помеѓу
40 и 50 милиони фунти за Ријад Марез, а слични бројки бара и Монако за Томас
Лемар, играчи кои не се ни приближно до класата и реномето на Чилеанецот.

На крајот, постои можност самиот играч да се предомисли во следните месеци доколку увиде дека Арсенал има тим за високи дострели и да стави потпис на нов догвор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани