144
Откако ПСЖ
минатата недела го режираше најскапиот трансфер во историјата и го донесе
Нејамр од Барселона за 222 милиони евра, клубот од Париз сега подготвува нова
трансфер бомба.
„Светците“ сакаат по секоја цена да го победат Реал Мадрид до потписот на
Килијан Мбапе, па младиот Французин ќе ги чини неверојатни 400 милиони евра
доколку се соберат сите исплати.
ПСЖ на Монако ќе
треба да му плати 180 милиони евра, како и уште 20 милиони во бонуси.
Килијан Мбапе ќе
добије премија од 35 милиони евра, плус и шест годишен договор со нето плата
од 12 милиони евра по сезона, со што целата зделка ќе изнесува околу 400
милиони евра.