Останува уште половина месец од преодниот рок, а Милан е подготвен да им приреди уште неколку пријатни вести на своите фанови.
Информациите од Италија велат дека Калиниќ е речиси договорен и тој веќе утре може да биде промовиран како ново засилување на Милан.
Но последниот играч кој треба да го засили тимот е Пјер Емерик Обамејанг, играчот кој во 2012 година го напушти Милан сега би требало да се врати на Сан Сиро.
Обамејанг не сака да продолжи во Борусија Дортмунд, негова желба е да се врати во Милан, а двата клуба се во напредни преговори за реализирање на оваа зделка.
Во наредните денови се очекува да се знае дали дуото Фасоне Мирабељи ќе успеат да го договорат и овој трансфер и на совршен начин да го затворат преодниот рок.