„Не сакаме пари“ – Клоп со јасна порака до Барса, но…

by
1 минути читање

Бразилецот и Ливерпул влегоа во војна откако „Црвените“ одбија две понуди на Барса, и сопствениците на клубот категорично порачаа дека нема да го продадат играчот.

Филипе Кутињо достави формално барање за трансфер и се верува дека Ливерпул веќе се подготвува за негово заминвуање, но Јирген Клоп сега уште еднаш порача дека тие не сакаат да го продадат играчиот.

„Не дека не сакам да зборувам на оваа тема, едноставно одоговорите ќе бидат исти“ – вели Германецот.

„Ако Барселона вели дека ќе понуди било каква сума, не ја сакаме. Тоа е јасна порака. Сопствениците беа 100% јасни околу ова“.

„Не сакаме пари, сакаме да инвестираме во тимот и да го имаме најдобриот можен тим на располагање бидејќи имаме наши цели и соништа“.

„Тоа е пораката“.

Останува да се види дали Барселона ќе ја разбере пораката или пак „Каталонците“ ќе достават и трета понуда и ќе се обидат да го искористат притисокот на Филипе Кутињо за трансферот да се реализира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани