Диего Коста ги споредува Конте и Мурињо

by
1 минути читање

Диего Коста е во Бразил каде го чека развојот на настаните поврзани со неговата кариера, во меѓувреме во медиумите ја објаснува неговата ситуација но и првави споредби на тренерите.

„Во јануари имав недоразбирање со Конте. Бев блиску до продолжување на договорот, но одеднаш клубот ги стопираше преговорите. Мислам дека тренерот стоеше зад тоа. Конте побарал да не го продолжам договорот“ – вели Диего Коста.

„Тој има многу фиксирани и јасни идеи. Сум видел и други такви луѓе како него. Има свое мислење кое не го менува“.

„Го почитувам како одличен тренер. Направи голема работа и сите можат да го видат тоа, но како човек немам почит. Тој не е тренер кој е многу близок со играчите. На голема дистанца е. Не поседува харизма“.

„За разлика од Конте, со Мурињо никогаш сум немал проблем. Тој ми се јави пред некое време, директно на мојот телефон за само да провери дали сум добар, да види како сум“.

„Ми посака среќа. Со него имав одличен однос и сите беа тажни кога тој си заминуваше од Челси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×