Поранешен соиграч на Михајло Мудрик вели дека Украинеот бил одличен на тренинзите и секогаш одработувал екстра во теретана, но бил под констатен притисок поради тоа што Челси платил 100 милиони евра за неговите услуги.
Михајло Мудрик денеска е во фокусот на фудбалската јавност откако беше обелоденето дека Украинецот паднал на допинг тест и може да добие суспензија и до 4 години.
Напаѓачот никогаш не се пронајде во дресот на Челси, а паднатиот допинг тест само може дополнително да стави крај на авантурата на „Стемфорд Бриџ“.
Во разговор со Дејли Мејл, поранешен соиграч на Михајло Мудрик открива повеќе информации од зад сцената.
„Тој беше одличен на тренинзите и секогаш одработуваше екстра во теретана. Но тешко му паѓаше од критиките, особено го погаѓаа критиките од навивачите. Дефинитивно чувствуваше притисок од трансферот и тоа што Челси плати 100 милиони евра за неговите услуги“ – вели играчот кој имал прилика да работи покрај Украинецот.