Раководството на Милан и покрај кризниот период работи на задржување на носителите на играта. Пред потпис на нови договори се голманот Мајк Мењан и Тијани Реијндерс.
Францускиот чувар на мрежата ќе парафира продолжување на соработката до јуни 2029 година. Тој пристигна во Милан како замена за Џанлуиџи Донарума и одлуката на „росонерите“ се покажа како одлична бидејќи Мењан се разви во еден од најдобрите светски голмани.
Реијндерс пристигна во таборот на Милан минатото лето, а по одличните партии клубот сака да го награди со побогат договор. Тој има активен долгогодишен договор, но сега ќе парафира до 2028 со значително зголемување на платата.
Клубот исто така работи и е на позитивен пат за задржување на Тео Хернандез и Кристијан Пулишиќ.