718
Фудбалерот на Челси и украински репрезентативец, 23-годишниот Михајло Мудрик паднал на допинг-тест пренесуваат медиумите на Островот.
Украинецот во овој момент ставен под суспензија на неопределено време додека не се утврдат околностите и деталите. Мудрик исто така направил и втор тест, па сега се чека и таа анализа.
Засега не е објавено која недозволена супстанца е пронајдена во организмот на Мудрик, но според најавите сигурно го чека пауза најмалку до крајот на сезоната.
Ниту Мудрик, ниту Челси не се огласиле во јавноста за случајот, но нема дилеми дека тоа би бил сериозен удар и за фудбалерот и за клубот кој скапо го плати.