106
Манчестер
јунајтед тргна со победа од 4-0 над Вест Хем во воведното коло од Премиерлигата, а победата не можеше да
биде подобра ако се земе во предвид дека скапото засилување за „Црвените ѓаволи“
ова лето, белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку профункционира одлично во тимот.
Белгиецот ги
доведе домаќините во водство во 33. минута, додека пак дилемите околу
победникот ги реши во 52. минута.
Печат на победата Манчестер јунајтед стави со два гола во серија во продолжението, и тоа
најнапред на џокерот од клупата на Жозе Мурињо, Мартијал во 87. минута, по само
седум минути на теренот, односно голот на Погба три минути подоцна.