Вардар од Шкупи го носи првото зимско засилување

by bojan
1 минути читање

Вардар носи нов дефанзивец како прво засилување во зимскиот преоден рок, „црвено-црните“ потпишаа со словачкиот интернационалец Михал Пинтер.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар почна да работи на тимто за продолжението од сезоната, денеска го потврди првото засилување во зимскиот преоден рок.

„Црвено-црните“ потпишаа со словачкиот интернационалец Михал Пинтер, кој претходно настапуваше за Шкупи.

Станува збор за 30-годишен централен дефанзивец, кој забележа 42 натпревари во ПМФЛ.

По 18 одиграни кола, Вардар е на претпоследната позиција на табелата со само 13 освоени бода и ќе мора да прикаже многу повеќе во продолжението од сезоната за да обезбеди опстанок во елитата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×