Конте на удар, Италијанецот води на една мошне непопуларна листа

by
1 минути читање

Челси тргна лошо
во новата сезона од Премиерлигата, и тоа со шокантен пораз од Барнли на домашен
терен со 2-3.

Прв на удар на
Островот е секако Антонио Конте, а тој веќе се најде на една мошне непопуларна
листа која постојано се освежува низ тамошните медиуми.

Италијанецот е
прв фаворит за „шут карта“ од клупата од екипите кои се натпреваруваат во
Премиерлигата, по него следи Хрватот од клупата на Вест Хем, Славен Билиќ,
според проценките кои ги објавија букмејкерите од „Ладброукс“.

 

Извор: dailymail.co.uk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани