72
Уште пред да почне сезоната сите знаеја дека Ливерпул има проблеми во одбраната, и токму тоа дојде до израз на денешното гостување на „Црвените“ кај Ватфорд.
И покрај тоа, Ливерпул беше на чекор до победа, но длабоко во судиското надополнување Бритос погоди за 3-3 и на „Црвените“ им откина два бода.
Погодокот на дефанзивецот беше контроверзен и од повторените снимки се виде дека тој е од офсајд.
„Првиот гол на Ватфорд беше добар, за вториот среќата не беше на нашата страна, но за третиот не можевме да се одбраниме“ – порача Јирген Клоп по крајот на натпреварот.
„Кога примате гол од офсајд, не можете да сторите ништо“.