716
Арсенал во
драматичен меч го совлада Лестер синоќа со 4-3 во воведното коло од
Премиерлигата, а еден од најдобрите поединци во победничкиот табор беше Сеад
Колашинац, Босанецот кој дојде во Лондон откако стана слободен играч на
трансфер пазарот откако му истече договорот со Шалке 04.
Левиот бек на
Арсенал доби комплименти од Френк Лампард, кој го спореди со Бранислав
Ивановиќ.
„Колашинац е
одличен, неодоливо ме потсетува на Ивановиќ, знам дека е левак, но имаат ист
карактер. Тој ќе биде моќен на теренот, еден од оние фудбалери кои навивачите
ги сакаат. Видов дека сака дуели, Арсенал има фудбалер кој вреди многу во
тимот…“ издвои Лампард.