1,7K
Според
информациите кои ги пренесува француски „Л’Екип“, се вели дека Бразилецот од редовите на
тамошниот првак Монако, е на чекор да се пресели во Париз и тоа за сума од 60
милиони евра.
Фудбалерот од
средниот ред подолг период беше желба на ПСЖ, но се чини дека сега работата е
веќе завршена, ако му се верува на францускиот медиум.
Најавите велат
дека Фабињо ќе потпише петгодишен договор со ПСЖ кој би го довел во своите
редови по втората понуда која ја испрати до Монако, која е за 15 милиони евра
повисока во однос на претходната која беше одбиена.