Арсен Венгер и
покрај тоа што беше при огромен притисок на себе, остана на клупата на Арсенал,
а раководството на клубот се реши да му го продолжи договорот на додатни две
сезони.
Првиот човек на
клубот, Иван Газидис ја објасни причината за таквата одлука.
„Немавме друга
алтернатива, таков тренер ретко можеме да најдеме, речиси и да не постои веќе.
Постојат десетина тренери кои со задоволство би го тренирале Арсенал, тоа се
големи имиња, но никој не гарантира дека ќе го продолжи овој пат“ вели Газидис.
„Ова не беше
одлука базирана на основа на носталгија, но никој не може како Вангер да го
понуди тоа по што е Арсенал претпознатлив, нашиот фудбалски бренд, убав,
офанзивен фудбал за око, како и промоција на млади фудбалери. Новата генерација
полека но сигурно доаѓа, некои веќе имавме можност да ги видиме во текот на
летото…“ додаде генералниот извршен директор на тимот од Лондон.