Иако спортскиот
директор на Рома, Мончи го крена гласот против, во однос на преговори со „Бјанконерите“
околу евентуална продажба на Кевин Стротман, сепак Јувентус не го интересира
неговото мислење во однос на оваа тема.
Според
информациите кои ги пренесува „Тутоспорт“, во мисијата да се добие Стротман, се
вклучува и Миралем Пјаниќ, поранешниот соиграч на Холанѓанецот во редовите на
тимот од Рим, инаку негов близок пријател.
Се шпекулира дека
Јувентус е подготвен да издвои 35 милиони евра плус додатни 5 како бонуси, но
од друга страна пак, поедини медиуми во Италија пренесуваат дека трансферот би
можел да се комплетира за финална сума која би изнесувала 45 милиони евра.
На Рома не и се
брза за продажба на Стротман, а прашање и дали е заинтересирана за такво нешто,
инаку Холанѓанецот има важечки договор со тимот од Рим до 2022. година.