Границите се
преминати, поголемите клубови од Европа од Скопје ја дале иницијативата за
состанок и решавање на сите дилеми по последните потези на ПСЖ на трансфер
пазарот.
„Скопје,
Македонија, Место каде силите ги одмерија најдобрите два клуба во Европа од
ланската сезона, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, тие ја споделија нивната
загриженост по трансферот на Нејмар во ПСЖ. Веќе постои загриженост поради
начинот на постапување на ПСЖ на трансфер пазарот, како и Манчестер Сити исто
така, создаваат една нелојална конкуренција во однос на засилувањата, по која
никој не може да ги следи. Фудбалската индустрија стана таква што парите ги
решаваат сите дилеми, па така постои најава дека одредени клубови од Европа
како претходно споменатите, вклучително и Барселона, Баерн Минхен, Јувентус и
останати ќе имаат директни состаноци за да се разгледаат сите опции во однос на
тоа како да се запре проблемот кој и се заканува на целата фудбалска Европа,
што се заканува со колапс на трансфер пазарот во Европскиот фудбал во годините
кои претстојат“ пишува „Марка“.
Поголемите
клубови во Европа веруваат дека финансискиот ферплеј на УЕФА кој е контролен
механизам во однос на спречување на трансфер лудило, едноставно не ги оправдал
очекувањата и целосно пропаднал како идеја.
Сево ова доаѓа по
трансферот на Нејмар во ПСЖ кој ги сруши сите граници на трансфер пазарот во
Европа, а ситуацијата ќе доживее колапс доколку се остварат најавите и за
трансферот на Мбапе во богатиот француски клуб.