Газдите на Ливерпул пресекоа: Кутињо не мрда

by
1 минути читање

„Би сакале да ја известиме целата јавност околу нашиот став
во врска со можниот трансфер на Филипе Кутињо. Дефинитивен став на клубот е да
не ги разгледува понудите за Филипе и тој да остане член на Ливерпул кога
летниот трансфер преоден период ќе биде затворен
“ се вели во соопштението на
клубот.

Со тоа, повеќе нема дилеми, Кутињо и дефинитивно останува во
Ливерпул, а клубот со ова индиректно порача дека не постои сума за која би го
дале еден од предводниците во тимот.

Сево ова доаѓа по вчерашната изјава на Јирген Клоп за
германски „Скај“ во истата конотација, потенцирајќи дека не постои цена за која
Ливерпул би прифатил продажба на Кутињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани