77
Манчестер
јунајтед го загуби европскиот Суперкуп против Реал Мадрид со 2-1, но славата по
мечот ја стекна португалскиот стратег Жозе Мурињо, кој откако го доби медалот
од Суперкупот се упати кон трибинскиот простор да го подари некому кому ќе му
значи тоа.
Тимот од „Олд
Трафорд“ веќе го пронајде среќното момче кое засекогаш ќе го памети спектаклот
во Скопје, а веќе го објави и на социјалните мрежи…
Инаку, според
информациите кои кружат во јавноста, станува збор за 8 годишно дете, кое
патувало цели 16 часа за да биде дел од мега спектаклот кој се одржа во нашата
земја.