Португалецот во
2000 преку ноќ стана најомразена личност во Каталонија откако реши да замине од
Камп Ноу за трансфер во лутиот ривал Реал Мадрид.
„Кралевите“ ја
активираа неговата откупна клаузула вредна 60 милиони евра и започнаа ера на
„Галактикос“ засилувања, по Луис Фиго пристигнаа Знедин Зидан, Роналдо и Дејвид
Бекам.
Во разговор со
Фокс Спортс, Флорентино Перез сега говори за фамозниот трансфер.
„Кога почнав да работам на ангажман на Фиго, никој не веруваше во зделката, никој немаше
потрошено 60 милиони евра за засилување во 2000” – вели првиот човек на Реал.
„Го убедив, но не
беше лесно. Беше капите на Барселона! Тоа беше како да им ги откорнавме срцата
на нашите сонародници”.
„Му кажав, „Сакаме да изградиме голем Реал околу тебе“. И тој прифати. Потоа пристигнаа Зидан, Роналдо, Бекам, и
го креиравме феноменот „Галактикос“. Продолживме да го следиме овој тренд па
ангажиравме играчи како Кристијано Роналдо, Кака, Бензема и Бејл”.
„Големите играчи
ви помагаат да растете од спортски и економски аспект”.