135
Разделбата помеѓу
Барселона и Нејмар не беше пријателска, клубот од Камп Ноу се чуствуав
измамено, па реши да не му ја исплати богатата премија на напаѓачот.
Имено, Нејмар и
неговиот татко на 31. јули требаа да добијат 26 милиони евра поради тоа што
Бразилецот во октомври 2016 стави потпис на нов договор.
„Каталонците“
веруваат дека Нејамр не ги исполнил условите бидејќи преговарал со ПСЖ и ова
лето ја прифатил богатата понуда на „Светците“.
Играчот пак
верува дека му следуваат тие 26 милиони евра и ја разгледува можноста следната
недела да достави жалба до ФИФА.