Челси, Манчестер јунајтед, Арсенал и Тотнем во својот бележник го имаат Лиам Делап од Ипсвич, но Манчестер Сити ќе се прашува при еден ваков трансфер, „граѓаните“ имаат опција да го вратат напаѓачот во своите редови.
Манчестер Сити изминатово лето го продаде Лиам Делап на Ипсвич во зделка вредна околу 20 милиони фунти и напаѓачот одлично се снајде во дресот на „Трактор момците“.
Англичанецот забележа 6 погодоци на 12 натпревари во Премиерлигата и го привлече вниманието на гигантите од „островото“.
Како што пренесува Атлетик, Челси и Манчестер јунајтед го имаат Лиам Делап во своите бележници, а претходно се пишуваше и за интерес на екипи како Арсенал, Тотнем, Њукасл и Астон Вила.
За еден ваков трансфер ќе се прашува и Манчестер Сити, се верува дека „граѓаните“ имаат клаузула со која можат да го вратат Лиам Делап во своите редови.
Во моментов не е јасно каква е намерата на клубот од Етихад, кој во своите редови го има Ерлинг Халанд како неприкосновен во врвот од форот.
Манчестер Сити веќе има една лошо искуство, откако прифати да го продаде Кол Палмер на Челси за 40+ милиони фунти, а Англичанецот блесна во дресот на „сините“ и се промовираше во нова ѕвезда во Премиерлигата.