Борусија Дортмунд се подготвува за нова продажба од 100 милиони евра

by bojan
1 минути читање
Бајно Гитенс

Неколку клубови од Англија, како Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотнем го меркаат Џејми Бајно Гитенс од Борусија Дортмунд, кој има цена од 100 милиони евра.

Борусија Дортмунд се подготвува за нова голема продажба од типот на Џуд Белингем и Џејдон Санчо, како што пренесува Скај Спорт Германија, младиот Џејми Бајно Гитенс е на мета на гигантите од Англија и клубови како Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотнем.

20 годишниот офанзивен фудбалер има импресивни бројки на стартот од сезоната, постигна четири гола и 1 асистенција на 5 натпревари во Лигата на шампионите, како и 3 погодоци и 3 асистенции во Бундеслигата.

Веќе се одржани формални состаноци на кои бил опипан терен, но Борусија Дортмунд не брза со продажба со оглед на тоа дека Англичанецот е под договор до 2028 година.

Исто така, клубот од Сигнал Идуна Парк постави висока цена од 100 милиони евра, што е 1.000 пати повеќе од сумата која ја платија за негов ангажман (околу 100.000 евра на име на тренинг компензации).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани