Мурињо: Реал Мадрид даде гол од офсајд, да не беше таа ситуација, друг ќе беше текот на мечот!

by
3 минути читање

Реал Мадрид
славеше со 2-1 над Манчестер јунајтед во Европскиот Суперкуп кој се одигра во
Скопје на арената „Филип Втори“.

По мечот, на
пресконференцијата, Жозе Мурињо издвои дека голот на Реал Мадрид за водство од
1-0 (Касемиро) бил нерегуларен и истакна дека бил постигнат по офсајд, да не се
случело тоа, сосема поинаков ќе бил текот на мечот.

На
полувремето примивме гол од офсајд, ако не беше признат ќе беше 0-0 и ќе
зборевме за друг натпревар. Нашиот противник беше супериорен тим, кој има големи играчи во средината
на теренот, играат добро. Среќен сум од играта и од многу други работи,
ние немаме во Премиерлига ваков Реал Мадрид, можеби имаме други квалитетни тимови, но различни
“ издвои Мурињо.

Средината
на Реал е незаменлива, нема други како нив, како Модриќ,
Крос, Иско и Касемиро па затоа се многу добри и како ја движат топката и многу е
тешко, во второто полувреме
ја најдовме играта, игравме фудбал каков што тие не’ сакаат, среќен сум како
игравме во второто полувреме, имавме и шанса на 2-1 преку Рашфорд, се боревме до
последниот свиреж. Тоа е добро, како што секогаш велам, Лигата на шампионите е едно а Лига Европа е друго. Победникот во
ЛШ има поинаков потенцијал. Ние да бидеме тука мораме да имаме позитивни
впечатоци и Премиерлигата да
ја почнеме со позитивни вибрации. Можеби повторно ќе го добиеме Реал Мадрид во ЛШ
„ додаде
португалскиот стратег
.

Овој Суперкуп беше највистина добро
искуство за нас. Лукаку имаше тешка работа да игра против тим што доминира во
посед, се трудеше, промаши чиста шанса,
но погоди, се бореше со двајца одлични стопери, добро се вклопува во одлична
група фудбалери. Матиќ играше
одлично, во моментите кога тие ја движеа топката повеќе беше тешко, но во
нашите моменти тој беше добар особено во второто полвуреме кога доминиравме,
тоа сакавме од него да ја контролира играта, тој е играч со големо искуство
„ рече шефот на стручниот штаб на
Манчестер јунајтед
.

Можеме да играме 3-5-2, можеме и со
четворица позади, работевме во претсезоната, Реал Мадрид кога го
даде првиот гол од офсајд, тогаш беа многу посупериорни, тоа беше нивниот најдобар период од натпреварот, тогаш
Касемиро го даде голот. Постигнаа
гол кога заслужија, тогаш доминираа најмногу. Голот беше консеквенца на нивната добра игра, но беше офсајд. Понекоаш кога победувам не ги чувам
медалите, а замислете кога губам. Сакав да го дадам на некое дете, кое ќе се
сеќава на моментот. Го видов детото во дрес од Манчестер и не знам од каде е, но него ќе му значи
“ откри Португалецот на пресконференцијата
по мечот
.

Фото-вест: uefa.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани