Спектакл кој долго ќе се памети: Реал Мадрид ја доби мега пресметката со Манчестер јунајтед во Скопје (ФОТО/ВИДЕО)

by
5 минути читање

Нашата најголема
фудбалска арена во земјава, „Филип Втори“ беше домаќин на гигантите Реал Мадрид
и Манчестер јунајтед, во нивниот меѓусебен дуел во битката за европскиот
Суперкуп.

Реал Мадрид
славеше со 2-1, а на полувремето од мечот кој се одигра во Скопје, Кралевите
имаа минимално водство од 1-0.

Манчестер
јунајтед имаше мини доминација во првите 10 минути игра, за момент се
почувствува отсуството на Роналдо кој мечот го почна од клупата за резервни
фудбалери.

Работите во
продолжение од мечот целосно се сменија, во корист на избраниците на Зидан, кои
ја презедоа контролата во играта во свои раце.

Првата посериозна
шанса ја имаше Касемиро во 16. минута, кој со глава биеше во пречката од голот
на Манчестер јунајтед, англичаните потоа поведоа контра но во истата не се снајде
Погба.

Касемиро повторно
дојде до шанса но неговиот удар минута подоцна не беше прецизен.

Истиот фудбалер
беше стрелец на водечкиот гол за Кралевите, и тоа во 24. минута откако го
матираше Де Геа во шанса еден на еден.

Кралевите го
задржаа водството до истекот на првите 45 минути игра, додека пак Манчестер
јунајтед полувремето го заврши без посериозна шанса кон голот на противникот.

Сепак, Реал
Мадрид во второто полувреме дојде до зголемување на водството, овој пат Иско беше стрелец по
асистенцијата на Бејл во 52. минута. Велшанецот упати употреблива топка во
казнениот простор на Манчестер јунајтед, Иско реализираше во противничката
мрежа,

Англичаните преку
Погба и Лукаку во само една минута подоцна имаа шанса да го намалат водството
но не успеаа во својата намера.

Сепак, напорите
се исплатеа за избраниците на Мурињо, Манчестер јунајтед го намали водството на
Реал Мадрид на 2-1 во 61. минута, а стрелец беше Лукаку, на голот му претходеше
удар на Матиќ кој беше спречен од Навас, но одбиената топка дојде до Белгиецот
кој ја смести во мрежата од голот на противникот. Реал Мадрид само минута
претходно можеше да ги реши сите дилеми на мечот откако Бејл биеше во
конструкцијата од голот.

Рашворд можеше да
се прослави во 81. минута, џокерот од клупата на Мурињо доби употреблива топка
од Михтарјан, излезе сам очи во очи со Де Геа, но шпанскиот голман реагираше
фантастично и спречи израмнување. Веднаш потоа Манчестер доби корнер а откако
пропадна и оваа шанса Реал Мадрид тргна во контра, која на крајот не ја круниса
со гол, иако можеше.

Во 83. минута овации
од трибините, причината јасна, во игра влезе првата ѕвезда на Реал Мадрид,
Кристиано Роналдо и тоа на местото на Бензема.

Дури седум дополнителни минути беа покажани по истекот на 90 минути игра, Де Геа во 90. минута со парада спречи водство на Реал Мадрид од 3-1, Асенсио беше немоќен пред шпанскиот голман во оваа прилика.

Кралевите сепак
успеаа да го задржат водството од 2-1 до крајот на мечот со што истиот резултат
остана како конечен исход на натпреварот во Скопје.

Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Крос,
Бензема (Роналдо 83), Модриќ, Бејл (Асенсио 74’), Марсело, Касемиро и Иско (Лукас 74’).

Манчестер
јунајтед
: Де Геа, Линделоф, Погба, Лукаку, Смолинг, Лингард (Рашворд 46’), Ерера (Фелаини 56’), Михтарјан, Валенсија, Матиќ и Дармиан.

И двете екипи
мечот го играа во офанзивна формациска поставеност 4-3-3.

Главен арбитар на
пресметката во Скопје беше Италијанецот Џанлука Роки.

 

Фото: Кочо Сотировски (24фудбал)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани