Зидан и Мурињо ги отворија картите, ова се почетните состави за Реал Мадрид – Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Вечерва во
терминот од 20 часот и 45 минути ќе се сретнат Реал Мадрид и Манчестер јунајтед
во рамките на европскиот Суперкуп кој се игра на „Националната Арена Филип
Втори“ во Скопје.

Веќе се познати и почетните состави со кои обете екипи ќе настапат на вечерашниот меч.

Во редовите на
европскиот првак, од клупата за резервни фудбалери ќе почне првата ѕвезда на
тимот, Португалецот Роналдо.

Стратегот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се реши за следните 11: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Крос, Бензема, Модриќ,
Бејл, Марсело, Касемиро и Иско.

На спротивната
страна пак уште од првата минута на мечот во Скопје ќе стартува најновото
засилување Немања Матиќ.

На спротивната страна, тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо ги избра следните: Де Геа, Линделоф, Погба, Лукаку, Смолинг, Лингард, Ерера,
Михтарјан, Валенсија, Матиќ и Дармиан.



Извор/Фото: uefa.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани