123
Медиумите од
Шпанија велат дека лидерите на Барса решиле да го ангажираат Осман Дембеле како
наследник на Нејмар.
Делегација на
„Каталонците“ предводена од директорите Оскар Грау, Раул Санљехи и Хавиер
Бордес отпатувала за Германија на средба со Борусија Дортмунд.
Но според
пишувањата на РАЦ 1, тие биле шокирани кога колегите од таборот на
„Милионерите“ им соопштиле дека бараат 150 милиони евра за младиот Французин.
Барса има 222
милиони евра за трошење по трансферот на Нејмар, но не помислуваат да платат
толку многу.
Тие подготвуваат
прва официјална понуда вредна околу 100 милиони евра, и се надеваат дека и со
ваква сума на маса Борусија Дортмунд ќе седне на преговори.