За нешто помалку
од два часа ќе започне мега спектаклот во Скопје, нашата земја е домаќин на
европскиот суперкуп каде силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
Низ главниот град
на нашата земја е доста раздвижено, градот пулсира во ритамот на големиот
фудбалски настан, а имаме можност да проследиме како се организирани фановите
на Реал Мадрид од нашата земја и регионот
.Од фан клубот на
Реал Мадрид во нашата земја откриваат дека најавени се навивачи на „Кралскиот
клуб“ од Бугарија, Хрватска, Словенија, Либија, Велс, Унгарија, Шпанија и други
земји.
Според
информациите, организирано е кортео со изненадување, тифо-кореографија за пред
почетокот на натпреварот, како и заедничка униформираност со тематски
подготвени маички и шалчиња.