Зидан: Роналдо е подготвен за игра, но…

by
1 минути читање

Ние пристигнавме
тука и со нетрпение го очекуваме утрешниот дуел, ова ќе биде првиот официјален
меч за нас сезонава и истиот со нетрпение го очекуваме… Физички, мислам дека
сме и повеќе од подготвени
“ истакна Зинедин Зидан на прес-конференцијата.

Зидан проговори и
за Роналдо, за кого истакна дека е сосема смирен, и покрај сите работи што се
случуваат околу него, се мисли на обвинението против него за затајување на
данок од страна на шпанските власти.

Се случија многу
работи, многу гласини како и секогаш, но тој е смирен, тоа што најмногу ме
импресионира е фактот дека тој е физички подготвен како да тренира постојано…
Да биде со нас е од огромно значење за тимот… Тоа значи дека ни е потребен за
натпреварот
“ додаде Французинот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×