Најавени стартни состави во Скопје: Зидан има јасна слика, Мурињо неколку дилеми (ФОТО)

by
2 минути читање

Реал Мадрид и
Манчестер јунајтед утре ќе ги одмерат силите во Скопје во рамките на Суперкупот
на Европа, двата клуба пристигнуваат во главниот град на Македонија со најсилни
состави.

Зинедин Зидан има
прилично јасна слика за тоа со кои играчи ќе истрча на Телеком Арена, но истото
не важи и за Жозе Мурињо.

Французинот во
Скопје ќе игра со сличен тим како оној во Кардиф кога Реал славеше над Јувентус
за 12. титула во Лигата на шампионите.

АС вели дека дури
10 играчи од тој состав утре ќе бидат стартери: Навас, Карвахал, Рамос, Варан,
Марсело, Касемиро, Модриќ, Иско и Бензема.

Неизвесен е само
Кристијано Роналдо, и Зидан во последен миг ќе одлучи дали ЦР7 ќе добие шанса
од првата минута или пак во почетниот тим ќе се најдат Бејл или Асенсио.

За разлика од
Зинедин Зидан, Жозе Мурињо има неколку двоумици. Португалецот има прашалници и
околу формацијата и околу имињата.

Се верува дека
„Специјалниот“ и во Скопје ќе настапи со петмина во одбрана (Валенсија,
Смолинг, Линделоф, Блинд и Дармијан), формација која често ја применуваше на
подготовките ова лето.

За средниот ред
сигурни се Ерера и Погба, но нејасно е дали шанса пред Фелаини ќе добие
новајлијата Матиќ.

Лукаку ќе го предводи нападот, а друштво треба да му прави еден од Рашфорд и
Мхитарјан.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани