Едно од
најпријатното изненадување во квалификациите за Лига Европа, хрватски Осијек
беше „скениран“ од холандски Ајакс.
Осијек направи
сензација во Европа елиминирајќи го ПСВ во третото квалификациско коло, и тоа
со две победи, минимални, и на гостински терен и на домашен пред својата
публика.
Овие фантастични
резултати на Осијек кој функционира одлично во секое поле во хрватскиот фудбал,
веќе почнува да му носи бенефит.
Па така,
медиумите во Холандија и Хрватска пишуваат дека 23 годишниот дефанзивец Матео
Барач е веќе пикиран од страна на Ајакс.
Младиот Хрват
беше вистински „командант“ во одбраната на Осијек во двомечот со ПСВ, а ова се
чини му се допадна на неговиот најголем ривал Ајакс кој нуди 2 милиони евра за
одличниот дефанзивец.
Она што е
интересно за Барач е фактот што тој мина само една сезона во елитниот шампионат
на Хрватска, претходно настапуваше во второлигашкото друштво во дресот на
Шибеник.
Тоа што е
сигурно, факт е дека хрватскиот фудбал нуди рапиден развој за многу талентирани
фудбалери, таков беше и случајот со Несторовски, Трајковски, и пред се’ Ејупи кој во моментов е дел од Осијек и
еден од најзаслужните за големите успеси на овој тим изминатиов период.
Нашиот напаѓач и
оваа сезона најавува голгетерска форма, и потврдува дека ќе ги тресе мрежите во Хрватска, тој веќе го забележа
и првиот гол во три одиграни натпревари во тамошниот шампионат.
Ејупи во шест
натпревари досега во квалификациите за Лига Европа, постигна 3 погодоци, во
ланската сезона со 14 погодоци како најдобар стрелец во својата екипа, го предводеше својот тим до излез во Европа.
Осијек со своите добри игри во Европа сигурно примамува голем број гиганти кои се повеќе ќе испраќаат понуди до хрватскиот тим за дел од неговите најдобри фудбалери, меѓу кои е се разбира и Ејупи, дали нашиот напаѓач ќе остане ова лето во Осијек, останува да видиме.