Нејмар минатата
недела реши да стави крај на авантурата во Барселона и да потпише со ПСЖ.
„Светците“ за
услугите на напаѓачот платија 222 милиони евра и испишаа нови страни во
фудбалската историја.
Спорт сега открива
што се случувало зад цената на рекордниот трансфер, и објаснува како Бразилецот
ја предал Барселона
Каталонскиот
весник пишува дека директорот за фудбал, Раул Санљехи бил во Сао Паоло во јуни
и учествувал на ивент поврзан со Институтот Нејмар, Тој се вратил во Барселона
без најмало наговестување дека напаѓачот би можел да замине. Слично било и на
свадбата на Меси во Росарио, Нејмар на своите соиграчи не им кажал ниту збор
дека размислува да замине.
Прв кој алармирал
бил Андре Кари, човекот од доверба на Барса за Јужна Америка и кој има големи
заслуги за трансферот на Нејмар на Камп Ноу. Тој на лидерите на Барса им
соопштил дека има чудни движења околу тимот на Нејмар. Кари има одличен однос
со играчот и неговиот татко, но за ова бил информиран од трети луѓе.
Претседателот Жозе Марија Бартомеу веднаш бил известен што се случува, и Барса
почнала да се подготвува за уште едно жешко лето.
Спорт прв пиша на
17. јули дека Нејмар сака да излезе од сенката на Меси и да направи трансфер, и
весникот сега додава дека во тој момент, играчот веќе бил со една нога кон
Париз.
Дани Алвеш тоа го
потврди денеска и откри дека лично Нејмар му се јавил и му порачал да се
пресели на Паркот на Принцоите. Неговиот трансфер во ПСЖ беше комплетиран на
12. јули, пред да почне на големо да се шпекулира за заминување на Нејмар.
И додека Нејамр
веќе знаел што сака, тој на соиграчите и лидерите на клубот им кажувал дека има
реални шанси да остане, но тоа било само трик. Лео Меси, Луис Суарез и Жерард
Пике биле тројца играчи кои најмногу разговарале со Нејмар. По еден разговор со
Меси, Нејмар на Аргентинецот му кажал дека останува. Токму тогаш бил и
фамозниот твит на Пике, кога дефанзивецот на Твитер напиша: Останува“.
Но кога лидерите на
Барса виделе дека шпекулациите не престануваат, тука напротив, стануваат
погласи, сфатиле дека Нејмар заминува, и ветувањата за останување биле само
празни зборови. Жозеп Марија Бартомеу бил бесен и во неколку наврати разговарал
со Нејамр и неговиот татко и им кажал што чувствуваат тој и останатите. Поради
ваквото однесување, Барса не им го исплати бонусот од 26 милиони евра, кој
таткото на Нејамр требаше да го добие за новиот договор на Бразилецот.