По победата во ФА Купот, Арсенал уште еднаш излезе подобар од Челси, овој пат во Комјунити Шилд дуелот.
Првото полувреме не понуди многу возбудувања, најблиску до гол беше Арсенал кој имаше статива преку Лаказет во 25. минута.
На самиот почеток од второто полувреме водство за Челси од 1-0, Кејхил со глава додаде до Мозес кој реализираше за предност на сините.
Како одминуваше времето се чинеше дека Челси ќе триумфира, но една глупост на Педро ги промени работите. Шпанскиот фудбалер поради опасен старт доби црвен картон во 80. минута оставајќи го својот тим со играч помалку.
Само две минути подоцна тоа го искористи Арсенал, Џака центрираше, топката дојде до Колашинац кој погоди со глава за изедначување на 1-1.
Тоа беше и конечниот резултат, па пеналите го решваа победникот а во нив поуспешен беше Арсенал.
Топчиите беа перфектни од белата точка, додека Куртоа и Мората промашија цели голови и на крајот му овозможија радост на Арсенал.
Убав почеток на сезоната за тимот на Арсен Венгер, додека Антониот Конте не може да биде задоволен од комплетниот впечаток.