„Еден ден си реков, или ќе се самоубијам или драстично ќе се променам… и драстично се променив!“

by bojan
2 минути читање
Дани Бенитез

Поранешниот фудбалер на Гранада, Дани Бенитез го раскажа своети непријатно искуство со депресија, алкохол и дрога, во еден момент размислувал и да си го одземе животот.

37 годишниот Дани Бенитез, кој во моментов настапува во петтата лига на Шпанија, реши да сподели мрачни моменти од неговата кариера, кога се мачел со депресија, алкохол и дрога.

Откако во сезоната 2010/2011 со десет погодоци и помогна на Гранада да се избори за промоција во Ла Лига по 35 години пауза, наместо да се израдува на настап во најсилното првенство на Шпанија, тој почнува да влегува во проблеми.

„Го изгубив ентузијазмот, не ја имав поддршката од од навивачите и тоа ме убиваше. За да избегна од реалноста и она што го искусував на работа, ќе се сретнев со пријателите, ќе почнев да пијам и да заборавам на се“ – вели Дани Бенитез.

„После една долга вечер, требаше да се појавам на тренинг следниот ден, но не бев во состојба да тренирам. Едни пријатели ми кажаа да шмркам кокаин, за да можам да тренирам без проблеми… и го сторив тоа“.

„Имавме тренинг во саботата, а натпреварот беше во недела во 12 часот. Не поминаа ниту 24 часа а јас требаше да правам допинг тест, кој секако испадна дека е позитивен. Му кажав на докторот што сум направил, дека шмркав кокаин а тој ми рече да почнам да се молам на Бога. Но јас не верував во Бога, дека ќе се случи тоа што треба да се случи“.

За тоа како избегал од пеколот, Дани Бенитез вели: „Еден ден си реков, или ќе се самоубијам или драстично ќе се променам… и драстично се променив. Не беше лесно, но успеав“.

„Доколку не си простите сами на себе, без разлика колку велите дека сте добро, демоните ви доаѓаат секоја ноќ и тропаат на вашата врата“.

„Тоа што стигна во прва лига, ми се оствари еден од соновите, но сега сум многу погорд на она што го имам во моментов. Знам дека имам 100 пати помалку пари од тоа што имав кога ирав во прва лига, но среќата не е во парите. Моето семејство, моите ќерки, блиските пријатели, малкумина се, но се прави пријатели… тоа е најважното“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани