Манчестер јунајтед сака да прави трампа, нуди еден фудбалер плус 30 милиони евра за ангажман на Осимен

by bojan
1 минути читање
Осимен

Во последните неколку дена зачестија гласините кои велат дека Манчестер јунајтед сака да го ангажира Виктор Осимен, „ѓаволите“ се подготвени да платат 30 милиони евра, плус во Наполи да го испратат Џошуа Зиркзе.

Виктор Осимен беше една од најлудите трансфер приказни минатото лето, напаѓачот редовно се поврзуваше со гигантите ширум Европа, но никој не загриза посериозно за неговите услуги.

И кога во последните денови од преодниот рек пристигнаа конкретни понуди од Челси и Ал Хилал, настана хаос во преговорите па и двете зделки пропаднаа во последен миг.

Напаѓачот сепак направи трнсфер и на големо изненадување се пресели на позајмица во Галатасарај.

Како се ближи крајот на годината и зимскиот преоден рок, одново се актуелизираат гласините за негов трансфер, во последните неколку дена зачестија шпекулациите кои велат дека Манчестер јунајтед сака да го ангажира Виктор Осимен.

Како што пренесува Ил Матино (локален весник од Неапол), „ѓаволите“ се подготвени да платат 30 милиони евра, плус во Наполи да го испратат Џошуа Зиркзе, кој пред неколку месеци беше купен од Болоња за 40+ милиони евра.

Во јануари, откупната клаузула на Виктор Осимен ќе изнесува околу 75 милиони евра, па Манчестер јунајтед смета дека ова е фер понуда, но се верува дека Наполи преферира да добие само кеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани