Милан обезбедил банкарски гаранции, Бонучи и Биља ќе играат против Шкендија

by
0 минути читање

Медиумите од Италија вчера пренесоа дека трансферите на Леонардо Бонучи и Лукас Биља висат во воздух бидејќи Милан не може да ги достави потребните гаранции.

„Росонерите“ побарале од спонзорот Банко БПМ да даде банкарска гаранција, но добиле негативен одговор.

Сепак, последните информации велат дека проблемот е решен и Милан ги доставил банкарските гаранции.

Па двајцата фудбалери своите први официјални настапи за Милан ќе може да ги имаат против Шкендија во плејофот од Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани