Германија со седум „парчиња“ ја испрати Босна во Лига Б, Холандија ја доби драмата со Унгарија (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Германија

Германија со убедливи 7-0 ја совлада Босна и Херцеговина и го потврди првото место во својата група, Холандија со 4-0 ја совлада Унгарија, во натпревар кој донесе драма откако колабираше легендарниот Адам Салаи.

„Панцерите“ го потврдија првото место во Група 3 откако во Фрајбург славеа против Босна и Херцеговина со убедливи 7-0, и ги испратија популарните „змаеви“ во Лига Б.

Мусиала го отвори резултатот во 2. минута, Клајндинст на средината од полувремето реализираше за 2-0, а пред крајот на првиот дел, Хаверц погоди за 3-0.

По пет минути игра во второто полувреме, Вирц погоди атрактивно од слободен удар, а во 57. минута, истиот играч рутински ја затресе мрежата за 5-0.

Сане во 66. минута зголеми на 6-0, а Клајндинст со својот втор погодок ги постави конечните 7-0 во 79. минута.

Во Амстердам, Холандија со 4-0 ја совлада Унгарија, во натпревар кој 13 минути беше во прекин откако крај аут линијата колабираше Адам Салаи, кој неодамна стана дел од стручниот штаб на Унгарија.

Откако докторите го освестија легендарниот напаѓач и мечот продолжи, Вегхорст од пенал донесе 1-0, а до крајот на полувремето, Гакпо исто така од пенал зголеми на 2-0.

Во продолжението, Дамфрис реализираше за 3-0, а во финишот од пресметката, Копмајнерс ги постави конечните 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани