Милан до овој момент потроши преку 200 милиони евра за девет нови играчи, но целта е до крајот на продниот рок да се ангажира и уште еден напаѓач.
Медиумите подолго време шпекулираат со Андреа Белоти, Пјер Емерик Обамејанг и Никола Калиниќ, а во последно време се појавија и имињата на Златан Ибрахимовиќ, Радамел Фалкао и Диего Коста.
По вчерашната победа над Крајова и пласманот во плеј-офот од Лига Европа, првиот човек на клубот потврди дека Ибра и Фалкао се дел од опциите.
„Продолжуваме да бараме нов голгетер, но не се брзаме со ангажман на напаѓач“ – вели Марко Фасоне.
„Работиме на ова, следиме неколку имиња, но треба паметно да го трошиме времето бидејќи не смееме да погрешиме“.
„До овој момент не сум кажал НЕ за ниту едно име, па нема да кажам не ниту за Фалкао и Ибра“.
„Тие се дел од шест или седум имиња на кои работиме, до но некои сме поблиску а до некои подалеку“.