92
Милан очекувано немаше проблеми да го помине квалификациското коло против Крајова и да се пласира во плејофот од Лига Европа.
Од Романија се врати со победа од 1-0, а на Сан Сиро триумфираше со 2-0 со голови на Бонавентура и Кутроне.
Атмосферата на стадионот беше неверојатна, 65,763 навивачи беа присутни на трибините, а тоа е нов рекорд во квалификациите од Лига Европа.
Милан утре ќе се најде во ждрепката во која за противници може да ги добие и македонските претставници, Вардар или Шкендија.