Со парите кои ПСЖ ги даде за Нејмар, можете да ја покриете цела Барселона во шпагети

by
1 минути читање

Една од најинтересните пресметки е на еден твитерџија кој вели дека со сумата од 198 милиони фунти (222 милиони евра), можете целиот град Барселона да го покриете со шпагети.

Едно пакетче шпагети од 500 грама чини пола фунта, а трансферот на Нејмар 198 милиони фунти. Тоа значи дека може да купите 396 милиони пакетчиња шпагети.

Со едно пакетче шпагети можат да се покрие простор од 0,26 метри квадратни. 

Купените шпагети за 198 милиони фунти можат да покријат 102,960,000. метри квадратни, а градот Барселона има површина од 101,900,000 метри квадратни. 

Низ социјалните мрежи и медиумите се појавија и многу други пресметки, еве дел од нив:

– Со парите потрошени за купување на Нејмар, може да платите по едно шишање за сите жители на Франција

– Може да купите 1,089 автомобили од марката Ферари

– 332,220 ајфони 7с

– Може да купите четири состави на новиот Премиерлигаш Хадерсфилд, чија вредност се проценува на 52 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани