Откако Ла Лига го
одби чекот за активирање на откупната клаузула на Нејмар, адвокатите на играчот
од Мадрид заминаа за Барселона.
Попладнево тие ја
посетија канцеларијата на Барса, ја платија откупната клаузула, па Нејмар
повеќе не е фудбалер на „Каталонците“.
Барселона го
потврди ова но најави жалба до УЕФА, клубот се сомнева дека ПСЖ ќе ги прекрши
правилата за Финансиски фер плеј со една ваква зделка.
„Во четврток
попладне, преставници на Нејмар ги посетија канцелариите на клубот и доставија
уплата од 222 милиони евра со што се раскинува договорот на играчот“ – гласеше
известувањето.
„Па клубот сега
до УЕФА ќе ги достави сите детали од зделката за тие да ги утврдат
дисциплинските мерки кои можат да произлезат од овој случај“.