30
Наследникот на Рубен Аморим во екипата на Спортинг, Жоао Переира наиде на неочекуван проблем.
Според информаците од Португалија, тој не ги поседува потребните квалификации за водење екипа во највисокиот ранг на фудбалот во оваа земја. Переира нема професионална лиценца, па Здружението на професионални тренери ќе поднесе жалба против него.
Переира веќе беше претставен во Спортинг и почна да го води тимот на тренинзите, меѓутоа како што стојат работите ќе почека за деби на клупата.
Новиот тренер на Спортинг го нема потребниот сертификат, па останува да видиме како ќе се реши ситуацијата.