77
Легија и
нејзините навивачи одново го привлекоа вниманието на светската јавност со нова
извонредна кореографија.
На вчерашниот
дуел со Астана во Лигата на шампионите, тие ја одбележаа 73 годишнината од
Варшавското востание во 1944 со кое започнало ослободувањето на Полска од
нацистите.
На кореографијата
има нацистистички војник кој вперува пиштол во глава на дете, и беше испишана
пораката: „За време на Варшавското востание Германците убија 160.000 луѓе.
Илјадници од нив беа деца“.
УЕФА има строги
правила со кои се забранува мешање на политиката и спортот, па за очекување е
Легија да се најде на тапет кај европската куќа на фудбалот.