Бразилецот е на чекор до Париз откако утрово ја извести Барселона дека заминува од Камп Ноу.
Се очекува утре да ги помине редовните лекарски прегледи со ПСЖ и во сабота да биде презентиран како ново засилување на „Светците“.
Попладнево свое мислење за рекордниот трансфер вреден 222 милиони евра даде и Гери Линекер.
Англиската легенда во моментов работи како стручен коментатор и често ги коментира случувањата на фудбалската сцена.
Гери Линекер, кој исто така има играно и за Барселона, преку Твитер му порача на Бразилецот: „Ох Нејмар, има само еден правец кога заминуваш од Барселона и тоа наназад“.
Гери Линекер верува дека напаѓачот на друго место тешко дека ќе може да го достигне успехот до кој може да стигне во дресот на „Каталонците“.
Oh Neymar, there is only one direction to go from @FCBarcelona and that’s backwards.
— Gary Lineker (@GaryLineker) August 2, 2017